четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 18
home Вести

Ременски контра Дескоска: Три пати до сега не било проблем да се поставуваат безбедњаци за министри

Ременски контра Дескоска: Три пати до сега не било проблем да се поставуваат безбедњаци за министри

Откако во јавноста излезе името на полковникот Драган Ковачки, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи, од владејачката партија се појавија коментари дека според Уставот, Ковачки, како воено лице, не може да биде министер, со што се создава впечаток кај јавноста дека актуелната власт бега од избори.

Како аргументација за неуставноста на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за правда, Рената Дескоска, се повика на членот 97 од Уставот, па не можејќи да најдат црна дамка во кариерата на предложениот кадар актуелната власт влегува во правни толкувања и ја презема улогата на уставен судија.

Но пратеничката и потпрестедател на Собранието од редовите на СДСМ Фросина Ременски коментирајќи на објава на Фејсбук потврди дека до сега веќе три пати членот 97 не бил испочитуван.

Коронавирус