вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 57
home Вести

Релативно нова единица во МВР, а веќе покажаа врвни резултати

Релативно нова единица во МВР, а веќе покажаа врвни резултати

Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе е релативно нова единица, која е составена од 15 души.

Оваа единица е во склоп на секторот за организиран криминал при МВР, а повеќето инспектори кои во моментов работат во оваа единица се школувани во странство и се со бројни домашни и меѓународни сертификати.

За краток временски период оваа единица покажа врвни резултати, со што доби многу меѓународни признанија од европските држави, а вчера на денот на полицијата признание добија и од министерот Спасовски.

Во соработка со неколку други земји од Европа и светот, националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе на МВР изминатава една година успеа да спроведе многу големи акции со што спречи голем број обиди за нелегална трговија со мигранти.

Како што е познато, во моментов на блискиот исток има неколку воени жаришта, во земји како што е Сирија, Ирак, Авганистан… жителите на овие земји преку мигрирање пробуваат да стигнат до европските земји преку нелегални канали, а Македонија е земја транзит за нив.

Па поради тоа пред една година македонското МВР одлучи да ја зајакне оваа единица, која до денес покажа врвни резултати и важи за една од најуспешните и најпочитуваните единици во МВР.

Коронавирус