недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 96
home Вести

Реконструкција на Владата до крајот на април

Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место - министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, рече Заев, по средбата со бизнис заедницата во Штип.
Реконструкција на Владата до крајот на април
ФОТО: МИА

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека очекува до крајот на април да заврши реконструкцијата на Владата.

Во однос на испразнетото министерското место за правда и дали тоа ќе остане за ДУИ, Заев рече дека преговорите за тоа прашање се во тек.

– Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место – министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, рече Заев, по средбата со бизнис заедницата во Штип.

Од опозициските партии кои би можеле да станат дел од владејачкото мнозинство, со цел да ги поддржат реформските и интегративните процеси, во изминатиот период најчесто се споменуваат Беса и ДПА.

Во Парламентот движењето Беса има пет пратеници, додека ДПА на Мендух Тачи има двајца пратеници.

Коронавирус