вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 197
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

„Рекет се отвори за да се прикријат трагите кои што водат до Илинденска“

„Рекет се отвори за да се прикријат трагите кои што водат до Илинденска“

Генералниот секретар, Игор Јанушев во „Само Интервју“ на Канал 5 изјави дека „Рекет“ се отвори за да се прикријат трагите кои водат до Илинденска, бидејќи истрагата заврши, а се уште многу прашања останаа нерешени.

-Зошто го отвори обвинителството Рекет, за да ги прикрие трагите кои што водат до Илинденска? Каде заврши Луј Витон торбата? Што се случува со Кики и Фрики? Истрагата заврши. Шест месеци водеа постапка за Рекет, и притоа не востановија за исплатите во однос на аферата кеш, за која истрага зборуваме?, вели Јанушев.

Тој посочи: „Имаме во овој момент вештачки креирана борба помеѓу владата и судството само да се обидат да го прикријат тоа, демек не е Владата крива судиите се криви. Мешањето во судството е недозволиво, ние треба да донесеме сет законски измени каде што ќе се тргне дефинитивно раката. Кој членува во судски совет, министер за правда, Зошто досега никој досега никој не направи независен судски буџет кој што нема да зависи директно од државниот буџет, тие се првични две работи кои треба да се реализираат“, потенцираше Јанушев

Парламентарни избори 2020