недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 50
home Вести

„Рекет“ се отвора ко школка: Осомничените во „Империја“ секогаш знаеле се‘, а Катица им се дерела и ургирала во СЈО

„Рекет“ се отвора ко школка: Осомничените во „Империја“ секогаш знаеле се‘, а Катица им се дерела и ургирала во СЈО

Осомничените во предметот “Империја”, скоро секогаш успевале да дознаат што СЈО презема против нив. Надлежната обвинителка за овој предмет Лиле Стефанова, која моментално сведочи во предметот „Рекет”, рече дека истражителите и објасниле дека при претресите извршени кај осомничениот Јордан Камчев, тие подготвени ги пречекале.

При претресот во 6 часот утрото Јордан Камчев ги пречекал облечен во тренерки. Таму било и лицето Зоран Милевски – Кичеец. Слична ситуација истражителите кажале дека имало и во просториите на Орка Холдинг. Канцелариите биле средени и уредни. Таму ги пречекале Михајло и Филимена Маневска, рече Стефанова.

Таа додаде дека со обвинетата Катица Јанева, имало негодување при нејзиното барање да се прифатат поблаги мерки за Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите притворени лица во случајот „Империја”.

Стефанова пред судот рече дека нејзината поранешна шефица Катица Јанева на состанок наложила да се пуштат од притвор и да одат во домашен притвор Орце Камчев, Цветан Панделевски и уште тројца осомничени од предметот „Империја”.

„Рече дека тоа е важно за процесите и за донесување на Законот за јавно обвинителство. На тоа се побуни единствено обвинителот Артан Ајро, другите си молчеа. Јас не можев да сфатам каква врска имаат Камчев и Панделевски со Законот за ЈО?!”, рече таа.

Според Стефанова, Јанева со висок тон им се обраќала на обвинителите, барајќи спогодби за Камчев да излезе од притвор и предметот против него да се затвори.

„Еднаш не викна мене и обвинителот Бурим и рече: „Лиле да му го дадеш пасошот на Камчев и приговори неќам! И ти Лиле и ти Бурим, да земете да направите извештај колку штета треба да се плати во ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ и да се плати штетата и тука да се затвори предметот. Јас бев вознемирена. За истрага која била работена три месеци, не може да се пристапи кон склучување спогодба. Ова се случи на 16 април 2019 година”, рече Стефанова.

Таа истакна дека пред да даде оставка, Катица Јанева и посочила дека треба да му помогнат на Дејан Панделески колку што можат.

„Пристигна Дејан, а потоа наеднаш и Катица Јанева која кажа дека човекот е дојден за да се види што може да му помогнат, како да се врати имотот, да се одмрзне сметката. Како да му е адвокат. Не сакајќи да влезам во конфликт со Јанева и кажав дека ќе одам на одмор, а за предметот после август ќе видиме“, посочува Стефанова

Најнови вести

Коронавирус