среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Рекет: Боки 13 дома имал и оружје, соучесничката Јанева боксерска вреќа, а парите ги нема никаде?

Банкноти од по 50 евра, оружје, неколку мобилни телефони. На рочиштето се покажаа фотографии и од ексклузивното возило на Боки 13 и сите предмети пронајдени во него. Воедно облеката која е пронајдена во автомобилот заедно со предметите се запленети од страна на полицијата. Станува збор за автомобил марка „Ренџ ровер“. И сребрената наметка Луј Витон на Боки 13 која чини цели 8 илјади евра е меѓу запленетите предмети.
Рекет: Боки 13 дома имал и оружје, соучесничката Јанева боксерска вреќа, а парите ги нема никаде?

Рочиштето за случајот „Рекет“, за промена минува без пцовки и навреди. Денеска се презентираат материјални докази. Беа презентирани и фотографии од домот, каде престојувала обвинетата Катица Јанева.

Од домот на Јанева се одземени предмети и неколку мобилни телефони. Извршен е претрес и во домот во Гевгелија, каде е запленет мобилен телефон. Претрес е извршенo и во канцеларијата на Jaнева. Оттаму се запленети неколку УСБ- иња, лаптоп и други докази. Од домот во Скопје, пак, се пронајдени белешки, напишани со пенкало во кои директно се споменува и Боки 13. Запленета е и гарнитура, фотељи и дрвена масичка.

Претходно беа прикажани фотографии од станот на Боки 13 во Орман. Станува збор за луксузен мебел, теписи, лустери, украси… На фотографиите се прикажани и нови неотпакувани гарнитура, фотелја, столна ламба. Фотографии од претресот на фирмата на Јовановски, односно во теливизијата 1ТВ, исто така беа прикажани.

Извршен е претрес и во канцеларијата на првообвинетиот. Таму се пронајдени и одземени документи, договори, „скрин шотови“ од разговори, лаптопи, полнач, уметнички слики итн. Се презентираа и фотографии од другиот стан на Јовановски на улица Варшавска во скопската населба „Тафталиџе“. Се гледаа банкноти од по 50 евра, оружје, неколку мобилни телефони. Се покажаа фотографии и од возилото на Боки 13 и сите предмети пронајдени во него. Воедно облеката која е пронајдена во автомобилот заедно со предметите се запленети од страна на полицијата. Станува збор за автомобил марка „Ренџ ровер“. И сребрената наметка Луј Витон на Боки 13 која чини цели 8 илјади евра е меѓу запленетите предмети. По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

Коронавирус