четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Река народ: Ова е последно предупредување пред започнување на штрајк на вработените во културата (ВИДЕО)

Река народ: Ова е последно предупредување пред започнување на штрајк на вработените во културата (ВИДЕО)

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) точно напладне почна предупредувачки марш за потпишување колективен договор со кој ќе се уредат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и  условите за надоместоците на плата во дејностите од културата.

СКРМ потоа го продолжи маршот кон Владата од каде што учесниците ќе продолжат кон Министерството за култура и таму ќе ја искажат пораката на протестот – „Колективен сега!“.

Инаку СКРМ на 20 јуни донесе одлука за штрајк доколку до крајот на септември не биде потпишан колективен договор и не се донесе нов закон за културата.