вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Река на централен митинг во Тетово, Силјановска Давкова во Кратово и Крива Паланка, Пендаровски во Гевгелија

Река на централен митинг во Тетово, Силјановска Давкова во Кратово и Крива Паланка, Пендаровски во Гевгелија

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој е ја има поддршката од Беса и Алијансата за Албанците, денеска ќе го одржи централниот митинг, а за град во кој ќе се одржи главниот настан во неговата кампања пред првиот круг од претседателските избори е избран Тетово.

Другите двајца кандидати на овие шестти претседателски избори продолжуваат со активностите во рамки на изборната кампања. Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, ќе ја промовира својата претседателска кандидатура во Кратово и Крива Паланка, додека Стево Пендаровски, кој е поддржан од СДСМ и коалицијата ќе ги посети граѓаните во Валандово, Дојран, Богданци, а во Гевгелија ќе се одржи отворена граѓанска трибина.

Кампањата за првиот круг од изборите е при крај, официјално почна на 1 април, ќе трае до 19 на полноќ, по што следува 24-часовен изборен молк. Во недела на 21 април гласачите ќе излезат на избирачките места и ќе гласаат во првиот круг од претседателската трка.

Коронавирус