среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 136
Во живо

ВО ЖИВО: 31 година ВМРО-ДПМНЕ „Македонија за сите луѓе“

home Вести

РЕК Битола „КАПУТ“ помалку од 20.000 тони јаглен потрошувачката на мазут 20 gr/kwh – Ковачевски се крие

РЕК Битола „КАПУТ“ помалку од 20.000 тони јаглен потрошувачката на мазут 20 gr/kwh – Ковачевски се крие

Писмо од СПИРО МАВРОВСКИ вработен во РЕК Битола

Почитуван Г-дин Васко Ковачевски,
Еве поминаа 12 дена од моето директно обраќање до Вас како до генерален директор на АД ЕСМ во кое побарав одговори на повеќе поставени прашања но за жал одговор сеуште и по 12 дена не добив.

Но види чудо, Вие директно се обративте на собирот во врска со „Визија за енергетска трансформација до 2040 година“ и тука дадовте повеќе одговори, а некои не беа побарани од Вас. Конечно добив потврда дека Вие за РЕК Битола немате никакво чувство а уште помалку и некои познавања, или да е скраја решенија за понатамошната работа и излез од оваа крајно тешка ситуација.

Но да почнеме со ред. До денес состојбата во РЕК Битола останува непроменета :

1. РЕК Битола работи со половина блок 120 Mw (се извинувам за претходната дезинформација до македонската јавност, дека работи со еден блок)

2. На депонија сега има некаде помалку од 20.000 Т јаглен, што во нормални услови, е за работа на еден ден 24 часа, на сите три блока, или во вакви услови за работа околу 3 дена.

3. Потрошувачката на мазут е енормно зголемена, околу 20 gr/kwh, паметам едни Ваши прес конференции каде говоревте за критична потрошувачка на мазут, но со ова нема споредба, за ова треба три пресс конференции.

4. Договорите за новата механизација ги нема на нишан, но средствата реално се трошат и повеќе од тоа што сте го предвиделе, повторно и по 4 години механизација нема.

5. Состојбата во рудници не треба да се коментира, катастрофална, се што е пропуштено да се направи во одреден период е тешко надокнадиво покасно, посебно во зимски услови за работа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

ЕУРО 2020

Македонија