четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Регулаторна: Шилегов не е доволно упатен во законите и прави штета на реформите

Изјавите на Шилегов  дека нивните одлуки се политички мотивирани, ги сметаат за негова недоволна упатеност во законските обврски и оценуваат дека тие се штетни за целиот реформски процес.
Регулаторна: Шилегов не е доволно упатен во законите и прави штета на реформите

Не е започната „војна“ околу новите тарифи за водата, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Изјавите на Шилегов  дека нивните одлуки се политички мотивирани, ги сметаат за негова недоволна упатеност во законските обврски и оценуваат дека тие се штетни за целиот реформски процес.

– Потенцираме дека сите пресметки на тарифите се во согласност со законската и подзаконската регулатива која и понатаму професионално и доследно ќе биде применувана од наша страна. Професионалноста во донесувањето на решенијата од страна на Регулаторната комисија за енергетика може лесно да се провери доколку за тоа се има желба и интерес……Реакциите од страна на раководствата во локалната самоуправа на спроведувањето на реформите во секторот води на централно ниво не се издржани. Овие реформи се започнати уште пред донесувањето на Законот за утврдување на цените на водните услуги во јануари 2016 година, кој Регулаторната комисија за енергетика има обврска да го спроведува.  –  стои во соопштението на  реглаторите.

Додаваат дека доколку претпријатијата можат со ефикасно работење да ги намалат оперативните трошоци кои се презентирани во барањата до РКЕ, може да подготват промена на барањето и да ги достават на увид и одобрување.

Отпор против воведувањето на новата тарифа имаше во повеќе општини. Локалните власти од Велес и Куманово поднесоа тужби, а Владата побара регулаторна да ја преиспита тарифата за ЈП Студенчица.  Скопскиот градоначалник беше најгласен против промената во сметките за вода. Препораките од РКЕ ги нарече политикански.  Дали според Шилегов одлуката на Регулаторна е се уште политиканска и дали ќе поднесе ново барање до РКЕ за преиспитување на тарифата, не даде конкретен одговор, единствено што одговори е дека Водата не поскапува.

-Јас сум спремен да ја платам паричната казна, а да не се подлегнам на одлуката на Регулаторна комисија за енергетика, изјави Петре Шилегов.

Водоводните претпријатија имаат рок до крајот на април, да ја прифатат предложената тарифа за водни услуги. Доколку тоа не го сторат, тогаш предметот се враќа во Регулаторна и тие ќе го имаат конечниот збор.

Коронавирус