сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Регулаторнa прифати дел од барањата што ги поднесоа исклученитe од системот за топлинска енергија

Регулаторнa прифати дел од барањата што ги поднесоа исклученитe од системот за топлинска енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги прифати најголем дел од барањата што ги поднесоа граѓаните исклучени од системот за топлинска енергија во Скопје, посочи денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

–Има одреден дел на потрошувачи чии барања не се прифатени, но ги поттикнувам да ни достават дополнителна документација што повторно ќе ја разгледаме до крајот на месецов и ќе им одговориме – изјави Бислимовски пред почетокот на денешната подготвителна седница на РКЕ.

Во одогвор на прашање претседателот на РКЕ прецизира дека во изминатите месец дена до Комисијата се стигнати уште седумдесетина барања од граѓаните на Скопје кои се исклучени од системот за централно греење.

Коронавирус