сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Регионалните медиуми за Рекет: „ПОЛОВИНА МАКЕДОНСКА ВЛАДА ВО ПАНИКА, ова е доказ дека Боки 13 и Заев се сретнале“ (ФОТО)

Регионалните медиуми за Рекет: „ПОЛОВИНА МАКЕДОНСКА ВЛАДА ВО ПАНИКА, ова е доказ дека Боки 13 и Заев се сретнале“ (ФОТО)

Целиот регион веќе со денови пишува за скандалозниот Рекет на Бојан Јовановски познат како Боки 13.

Утрово речиси повеќето српски медиуми бурно следејќи ја ситуацијата во Македонија го објавија и второто видео од Рекетот каде се слушаат разговори помеѓу бизнисменот Орце Камчев, Боки 13 и Катица Јанева.

Но, српските медиуми на големо пишуваат и дека се тресе владата во Скопје.

Српски „Информер“ пишува: СЕ ТРЕСЕ ВЛАДАТА ВО СКОПЈЕ! Италијански медиум објави нова снимка која докажува дека Заев и Боки 13 се заедно…

„Србија Денес“ излезе со вест дека „ПО ШОКАНТНАТА СНИМКА СО КОРУПЦИСКА АФЕРА“: Испливаа и фотографии кои докажуваат дека се сретнувале Боки 13 и Заев (ФОТО)

Српски „Пинк“ пишува дека Аферата Рекет не стивнува.

„АФЕРАТА РЕКЕТ НЕ СТИВНУВА: ПОЛОВИНА МАКЕДОНСКА ВЛАДА ВО ПАНИКА! По објавените фотографии на Заев и Боки 13“

Инаку српските медиуми, но и босанските и албанските и претходно пишуваа за поврзаноста на Боки 13 со високи функционери од СДСМ и власта на чело со Зоран Заев.

Коронавирус