понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 171
home Вести

Регионалните и светските медиуми пренесоа дека Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Регионалните и светските медиуми пренесоа дека Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Регионалните и светските медиуми пренесуваат дека Христијан Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Ви своите извештаи, медиумите пренесуваат дека главната македонска опозициска партија, десничарската ВМРО-ДПМНЕ, во саботата го замени својот лидер Ниукола Груевски и го назначи Христијан Мицкоски за негов наследник.

-Насlедникот на Груевски, Христијан Мицкоски (41) стана генерален секретар на партија на почетокот од годината. Претходно работеше во Владата на Груевски како директор на ЕЛЕМ, државна компанија за производство на електрична енергија, пишува „Ројтерс“.

Веста за назначувањето на Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваат и кинеската новинска агенција „Ксинхуа“, „Асошиејтед Прес“ како и голем број други светски агенции и регионални и светски медиуми, меѓу кои и британскиот „Дејли Мејл“.

-Христијан Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, одлучено е денеска со мнозинство гласови на вонредниот конгрес на партијата, јави новинската агенција „Танјуг“.

Новоизбраниот претседател Мицкоски, истакна дека главна цел му е консолидацијата на партијата и победа на следните парламетарни избори.

– Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија – нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија, зошто нашиот народ бара светлина и надеж, бидејќи ова што се случува не е светлина, туку темнина и разочарување, рече Мицкоски.

Додаде дека ја замислува Македонија како земја на среќни граѓани, економски просперитетна. Рече дека ќе се залагаа за технолошки развој, инвестиции, подобрување во образованието, здравството, намалување на невработеноста, правичност и независно правосудство

Им забележа на СДСМ за безидејност, економски колапс и пад на стандардот на граѓаните.

– Членството во ЕУ почна да се користи за протоколарна цел која се спомнува на досадни состаноци на кои мора да се разговара на оваа тема. Патот на Македонија е членство во ЕУ и НАТО, а за тоа треба реален напредок, реално решавање на проблемите по пат на дијалог, рече Мицкоски.

Ги отфрли обвинувањата дека ќе биде нечија марионета, додавајќи дека тоа ќе го потврди со неговата работа и залагања.

– Ќе наметнам нов начин на функционирање, силно темпо на работа, ќе користам совет од сите, ќе носиме одлуки заедно, ќе се борам за нашата заедничка идеја. Ветувам и нема да ве разочарам, рече Мицкоски.

Коронавирус