недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Регионален форум за борба против копрупцијата

Регионален форум за борба против копрупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и во соработка со Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ, денеска организира регионален форум за одбележување на Меѓународниот ден на борба против копрупцијата.

На конференцијата се најавени претседателот Стево Пендаровски, вршителот на должност во Амбасадата на САД Џенифер Р. Литлџон, раководителот на Секторот за проекти од Европска делегација во Скопје Фрик Јанмат.

Обраќања ќе имаат и директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и координатор на СЕЛДИ, Александар Кржаловски, претседателката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева и директорот на Економската програма, Центар за студии на демократија/СЕЛДИ Знаење и контакт со јавноста, Руслан Стефанов.

Конференцијата ќе вклучи вкупно четири панел дискусии на кои ќе говорат Александар Герганов, аналитичар и доцент на Институтот за студии на општества и знаење при Бугарската академија на науките, Вељко Рутовиќ, специјален обвинител на Црна Гора, Григор Флорин Попеску од Националната дирекција за борба против корупција на Романија, помошник директорот на Агенција за спречување на корупција на Босна и Херцеговина Мелвудин Џиндо, претседателката на Државната комисија за спречување корупција на Северна Македонија Билјана Ивановска, Блерим Келменди од Агенцијата за борба против корупција од Косово и директорот на Врховната ревизорска институција од Албанија, Артур Хасанбелиу, како и други експерти од земјава и регионот

Коронавирус