сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 24
home Вести

РЕФОРМСКА НЕПРАВДА ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

РЕФОРМСКА НЕПРАВДА ЗА ЛУСТРАЦИЈАТА

Законот за лустрација во Македонија беше донесен како сатисфакција за многу луѓе  кои трпеле неправди и им биле повредувани основните човекови права во минатото. Дека истиот бил неопходен , говори и фактот што за избор на член на Комисијата  потребно беше 2/3 мнозинство од Собренаието, па за првиот составот на Комисијата гласаа сите присутни пратеници во Собранието, без разлика која политичка партија ја претставуваа. Сето ова навидум говори за решителноста и самосвеста на политичарите за ставање крај на една голема неправда. Комисијата започна со работа, членови на истата беа предлози од сите политички партии во Собранието, се избра прв претседател – член на комисијата  по предлог на ДПА, па втор претседател – предлогот на ДУИ, трет – членот на Комисијата избран по предлог на СДСМ, а четврт претседател на оваа Комисија  беше предлогот на ВМРО ДПМНЕ.

На огласот за втор мандат, беа пријавени сите освен еден член од претходниот мандат и се разбира многу други лица кои ја подржувале и сватиле неопходноста од работата на оваа Комисија. Составот на Комисијата  беше избран по истиот начин, само што не беа доставени предлози од партеничката партија СДСМ. Вториот мандат -членови на комисијата  беа предлози на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, Либерална партија, Турска партија.

Да се навратам на почетокот .

Се започна со работа применувајќи го Законот за лустрација донесен на 29.01.2008 година, а покасно применувајќи го новиот закон донесен на 09.07.2012 година. Комисијата веднаш по започнување со работа, укажуваше на слабости на законот и на потребата од поефикасна соработка со државните институции со кои според Закон се соработуваше.

Законот за лустрација донесен од сите политички партии, покасно напаѓан  како лош и  неквалитетен Комисијата требаше да го спроведува, впрочем  за негово спроведување е и нејзиното постоење. Спроведувањето на Законот одеше со потешкотии, разни игри, жалби, прекини, претставки од разни структури во државата за оцрнување и престанок на работата на Комисијата.

Како и да е , Комисијата работејќи по Законот, разгледа стотици досија, се лустрираа околу 200 лица за соработка или за наредбодаваци. Одлуките, заклучоците, решенијата, членовите на Комисијата ги носеа повеќето едногласно, со ниту еден против или воздржан, а во некои случаи имаше и воздржани или против. Во комисијата не можеше да се расправа и да се носи решение за некое лице за соработка со тајните служби, ако на седницата немаше доставено извештај од член на комисијата- обработувач на предметот, изработен само од оригинални документи добиен од институциите со кои се имаше соработка, а најчесто од Државниот архив. Проценката на извештајот дали имало доволно или недоволно факти за лицето да се лустрира, си ја носеше секој член самостојно.Значи, секој член својата одлука ја засноваше со поткрепа на факти, па така и гласаше. Дека истата беше составена од квалитетни и чесни лица, кои работеа по Закон , односно преку својата работа дословно го спроведуваат законот, многу добро му е познато на Зоран Заев и СДСМ, па  околу седум членови на ова Комисија , Заев за време на неговото владеење ги постави на едни од највисоките функции во државата. Зошто е ова вака?  Кому му смета лустрацијата како процес, па се бара нејзино поништување, криејќи се зад плаштот дека истата била незаконска, неправедна, спроведена на режимски и нечесен начин, служела за политичка одмазда на неистомисленици, нарачана? И да не заборавам, коректив над нашите одлуки, за нивната законитост, беше Управниот суд и Вишиот управен суд.

И покрај  ваквата поставеност на работите, денес многу политичари, новинари, самопрогласени експерти за лустрација зборуваат , пишуваат дека ваквата лустрација била режимска, партиска….. па дури  некој од нив бараат вистинска , правична лустрација со политичка волја и чесни луѓе, а Зоран Заев вели дека лустрацијата била неправедна и несоодветна, дека Комисијата не си ја завршила убаво работата, дека лустрираните биле неправедно лустрирани, требало со закон да биде прогласена за ништовна, па според него и некои засегнати лица – лустрацијата била нарачана.

Пред ова паушално да се изнесува, чинам декаиститетреба подобро да се консултираат со самиот Закон за лустрација, па согл.чл.14 , законодавецот предвидува дека Комисијата собира, истражува и оценува документи  кои содржат информации за активности на лица , како и дека комисијата покренува постапка по иницијатива на трети лица, а  пак чл.17 од истиот Закон предвидува дека комисијата добива информации од органи на државна безбедност, државни органи, органи на локална самоуправа, како и од физички и правни лица. Исто така чл.20 ст.3 од Законот за лустрација предвидува трети лица  да може да достават иницијативи, претставки и податоци во оригинал.

Во текот на работењето на Комисјата, трети лица до Комисијата пишуваа електронски или писмено, а некои се јавуваат телефонски да укажат на наводи за одредени лица кои треба да се лустрираат, кои наводи подлежеа на проверка од Комисијата.

Впрочем, давање наводи за лица за кои постојат факти дека биле соработници на тајните служби, во никој случај неможе да се сфати како нарачување на лустрација за одредено лице, дотолку повеќе што ваквите наводи  се проверуваат, па во недостиг на факти кои укажуваат на соработка со тајните служби, никој не може да биде прогласен за соработник.

Аналогно на наведеното, неможам, а да не прашам – Дали телефонско пријавувањена криминал на Зоран Заевкај јавен обвинителзначи нарачано обвинение?

И покрај ова, денес се зборува за Предлог закон за огласување на ништовност и поништување на правни акти и последици од истите од постапките за лустрација, за отстранување на штетните последици по лица кои биле “жртви“ на постапките пред Комисијата за лустрација. Лудост? Која “неправда“ ќе се исправа? Кои се “жртвите“ од процесот на лустрација? – Оние кои кршеле човекови права и им нанесувале несогледливи последици на вистинските жртви и на нивните семејства во минатото за партиски унапредувања, напредување во кариерата , оние  кои кодошеле за шака златници или пак оние кои кодошеле од самозадоволство само да се наштети на некој.  Тие ли се  денешните жртвите на процесот на лустрација?Нив ли им е нанаесена штета? Нив ли им е нанесена  неправда?????

А што е со вистинските  жртви….. повторно ли ќе доживуваат неправда? Направда, па неправда. За нив само неправда…. Сто удрени стапови по туѓ грб , не болат,нели?

Колумна на Вецко Здравески поранешен член на Комисијата за верификација на фактите

Коронавирус