вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 2
home Вести

Реџепи: Комисијата за заразни болести и Филипче се во служба на владиниот ПР, место да ја менаџираат пандемијата

Реџепи: Комисијата за заразни болести и Филипче се во служба на владиниот ПР, место да ја менаџираат пандемијата

Пратеникот на коалицијата Алтернатива – Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи во емисијата „Ентер“ на телевизија Шења изјави дека Комисијата за заразни болести и министерот за здравство, Венко Филипче се во служба на владиниот пиар и во никој случај не е во служба на професионално менаџирање со корона вирусот.

„Одговорот е еден. Комисијата за заразни болести, вклучително и министерот за здравство, се во служба на владиниот ПР, но во никој случај во услуга на професионално управување со болеста. Комисијата за заразни болести повеќе се занимава со политичките теми за власта, отколку да се занимава и да се посвети со посебен акцентот на посебните потреби за промена во рамките на борбата против пандемијата“, изјави Реџепи.

Коронавирус