четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Редок момент на искреност: Заев првпат призна дека ќе си оди откако ќе загуби на избори

Редок момент на искреност: Заев првпат призна дека ќе си оди откако ќе загуби на избори

Во редок и драгоцен момент на искреност, вистински раритет за македонската јавност, лидерот на СДСМ и екс премеирот Зоран Заев првпат призна дека ќе си оди откако ќе загуби на избори.

Во утринското интервју за Слободен печат, кај Сашо Орданоски, Заев изјави:

„Политичката иднина и кариера на Мицкоски е во прашање ако излезе на избори, но јасно е дека тој што губи- си оди“, рече Заев.

Ова е првпат Заев макар меѓу редови и можеби несакајќи како реакција на Фројдов комплекс во себе најави дека кој ќе загуби – ќе си замине од политичката сцена. Тоа во свој стил и помалку несмасно го срочи преку зборовите „ јасно е дека тој што губи- си оди“, факт кој по политичка и каква и да логика треба да важи и за него.

Македонската јавност е во очекување дали тоа Заев ќе го примени кажаното по изборите, но многумина на социјалните мрежи веќе велат дека не веруваат во кажаното, особено имајќи ја предвид неговата „искреност“, исто како што немаше да го смени името на државата, немаше да ја спроведе Тиранската платформа и да донесе двојазичност, како што ја подобри економијата итн…

.

Коронавирус