Преполни автобуси денеска од сите градови пристигнаа во Скопје по повод митингот на СДСМ во Скопје.
Откако СДСМ доби шамар од скопјани и не доби поддршка од народот партијата мораше да носи симпатизери и членови на партијата од цела Македонија.
Автобусите во моментов се паркирани долж булеварот партизански одреди во Скопје, а тие се со регистарски таблички со речиси од сите градови на државата.
Со членови и симпатизери од цела Македонија СДСМ ќе бара влез во европската унија и НАТО среде Скопје и пред скопјани кои се против промена на името.
Инаку утрово се појавија и фотографии како партиски членови делат сендвичи во Делчево при тргнувањето за Скопје.