петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 173
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе

home Вести

Рече НЕ за оставка: Заев нема да си оди и доколку СДСМ има послаб изборен резултат од ВМРО-ДПМНЕ

НЕ! Кратко и јасно одговори премиерот Зоран Заев на прашањето дали би поднел оставка доколку СДСМ има помалку советници од опозицијата на претстојните локални избори.
Рече НЕ за оставка: Заев нема да си оди и доколку СДСМ има послаб изборен резултат од ВМРО-ДПМНЕ

Само „не“ рече Заев, одговарајќи на новинарското прашање на денешната прес-конференција во Владата, дали ќе си поднесе оставка ако СДСМ има послаб изборен резултат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, изборите за советници во 80 општини и во Град Скопје се спроведуваат во еден изборен круг, според пропорционален модел и даваат поверодостојна слика за рејтинзите на политичките субјекти од изборите за градоначалници, кои се според мнозински систем и во два изборни круга.

Во текот на продолжениот викенд, беа пласирани неколку анкети на јавното мислење од кои произлегуваат различни прогнози за изборниот исход, а на полноќ, стапува на сила забраната за објавување испитувања на јавното мислење, пред локалните избори на 17 октомври.

Коронавирус