четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Реакција по однос на изјавата на Агим Нухиу објавена на порталот Фактор „Според јазикот на пасошите, Албанците се 30 отсто во Македонија“

Реакција по однос на изјавата на Агим Нухиу објавена на порталот Фактор „Според јазикот на пасошите, Албанците се 30 отсто во Македонија“

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико реагира на информациите изнесени во порталот Фактор „Според јазикот на пасошите, Албанците се 30 отсто во Македонија“.

Согласно законот за употреба на јазиците и законот за патни исправи, секоја етничка заедница има право личните податоци да бидат напишани покрај службениот јазик  и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот по негово барање.

Меѓутоа, според искуствата на Ромската заедница, овој закон недоследно се применуваше.

Поради тоа бројот на патни исправи издадени на јазик на етничките заедници да се користи како индикатор за етничката структура во државата треба да се земе со доза на претпазливост.