сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 79
home Вести

Реакција на Здружението на судии на Македонија: Најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна

Реакција на Здружението на судии на Македонија: Најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна

Управниот одбор на Здружението на судиите на Македонија на денешната телефонска седница расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелационен суд Скопје, а по повод конкретна судска одлука, во потполност го поддржува ставот на овој суд изразен од страна на колегиумот на судиите, објавен на веб страната на Апелационен суд Скопје, стои во реакцијата на Здружението на судиите на Република Македонија.

-Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на правосудниот систем и пошироко, со цел да се даде шанса на правната држава и владеењето на правото. Во тој контекст, Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна и смета дека тие претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето, стои во нивната рекација до јавноста.

Коронавирус