петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Реакција на Рашковски за аудио бомбата за М-НАВ

Реакција на Рашковски за аудио бомбата за М-НАВ

По објавената аудио бомба од Експрес преку Фејсбук се огласи Драги Рашковски.

Неговиот Фејсбук статус ви го прнесуваме во целост:

Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.

Неколку појаснувања. Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.

Новиот директор на техника Климент Чепуњовски свесен за состојбата со техниката, намерно не го потпишува договорот и праќа навредливи писма кон ЕБРД (за тоа докази во текот на утрешниот ден) и прави други незаконски дејствија за кои има докази до обвинителство.

Со оглед на тоа дека опремата е неопходна за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, ПО ЗАДОЛЖЕНИЕ НА ВЛАДА, а не самоволно се органира состанок во мојата канцеларија (кој Климент го снима но намерно го сече делот каде што тој збори) и на состанокот НЕ СЕ ДОГОВАРА НИКАКОВ ТЕНДЕР туку се збори за ДИНАМИКАТА НА ИСПОРАКА НА ВЕЌЕ ЗАВРШЕНА ПОСТАПКА ОД 2016 година, затоа што по вина на Климент Чепуњовски, не се потпишува договорот за испорака.

Обвинувањата за некакво местење на тендер, Климент, порталот Лидер и останатите ќе треба да ги докажат на суд.

Против Климент Чепуњовски веќе има постапка затоа што со своите постапки ги доведе во животно загрозувачка состојба животите на стотици лица. Во интерес на истрагата деталите може да ги соопшти само обвинителство.

Во понеделник, целокупниот материјал со детали за набавката на АТМ системот и вмешаноста на Климент Чепуњовски и активностите на Владата за заштите на животите на патниците ќе бидат доставени до новинарите.

Снимката Климент Чепуњовски ја има предадено на висок функционер на опозициона партија пред неколку дена, откако дозна за извештајот во кој тој е посочен за виновен за случениот инцидент, стои во Фејсбук статусот на Рашкоски.

Коронавирус