понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 6
home Вести

Реакција на Мијалков: Со Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор

Реакција на Мијалков: Со Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор

Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков испрати реакција по денешната аудио “бомба“.

Неговата реакција ја пренесуваме во целост:

Со Зоран Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор.

Прв пат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали, каде што се споменува моето име.

Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли, но порталот Инфомакс, кој прв го објави разговорот преземен од останатите, извлекува некаков заклучок и ме инволвира мене без воопшто да се обидат да ги проверат информациите.

Подолг период истиот портал се обидува да ме дискредитира со невистини и лажни вести.

Од ваквите напади најголема штета трпи ВМРО ДПМНЕ. Малкуте медиуми кои се јасно критички настроени кон власта наместо да се насочат кон анализа на пропустите на оваа влада изминативе три години, тие на неколку дена пред избори се посветуваат на пласирање невистини против мене.

Погрешна стратегија, која нема да донесе подобар резултат, а треба да се надминат 454 577 гласови освоени во 2016 со ваква власт.

Коронавирус