сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 52
home Вести

Реакциите на интернет не стивнуваат по исмејувањето на власта: „А ти ми тросед узе…како да те Фрики моја, како да те Кики моја заборавим“

Реакциите на интернет не стивнуваат по исмејувањето на власта: „А ти ми тросед узе…како да те Фрики моја, како да те Кики моја заборавим“

„А ти ми тросед узе…како да те Фрики моја, како да те Кики моја заборавим….“

По синоќешната премиера на „Буба Мара“, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за она што беше низ призма на саркастична презентација на реалните проблеми со коишто се соочуваме во Македонија.

Репертоарот на манифестацијата беше збогатен со песната „Дотако сам дно живота и више не верујем у правдини… а ти ми тросед узе… како да те Кики моја, како да те Фрики моја…“ , на која што присутните обвинителки од обвинителство Фатиме Фетаи и Вилма Русковска за чудо ракоплескаа низ смеа.

Кој не се јави за карти и Кики и Фрики….Ги гледам ја по торби ги пикаат…Од Украина,од  Русија пранкери карти купуваат….Како нема карти, има карти еве земи повеќе, абе нема луѓе сите се иселија, ќе помине животот бе ти си се стиснал за едни карти, на 500 евра плата…. си ги рекетираме бе за карти, колку ти требаат 5, земи 35 сакаш ли да збориме за тебе на Буба Мара…не, епа земи 35, кој ги врти бе ќе ги рекетираме, вели Сашко Коцев хумористично.

Хумор и исмејување имаше и во однос на прославите за добивањето датум за датум.

Многу е тешко да се добие датум, ние треба да се викаме Датумска Македонија, па ние само со датум се занимаваме, датум за преговори за кога ќе почне да се преговара да дојдете, за кога ќе почне вистински да се договори датумот за кога ќе почне да се преговара, за кога ќе дојдете вие за да преговараме, да видиме кога би можеле да дојдете да преговараме, за датумот да видиме за кога е најубаво да преговараме за датумот кога НАТО да дојде кај вас и да провери кога би било најдобро датум да добиете… кој датум ќе го славиме, ние какви сме будали сите ќе ги славиме, 365 дена датум ќе славиме, датум кога добивме датум ,значи датум. Да дојде странска инвестиција кај нас се неработни денови ќе ни бидат датум славиме….вели Сашко Коцев на Буба Мара.

Хумор имаше и за случајот „Рекет“. За првиот рекет на Македонија, Сашко Коцев вели тоа не било толку тешко, тоа било бел спорт, многу добар спорт нај у-носен спорт, ја нема да дозволам еден „Педерер“ да ми прости ИТП заедницата, само е зезнато нема пари, ме праќаат по луѓе, иди во онаа куќа иди во онаа куќа, а спонзор не можам да најдам бе…

Ама вика немаш ти во Македонија судии, абе сите ги држам судии, линиски судија јавен ти треба и јавен обвинител судија,…абе сите ги имам,… абе ти треба и некој повисок устав, абе сите ги имам….нема пари во овој спорт и што заработив, абе еден тросед гарнитура за седење, го исмејуваше Сашко Коцев случајот „Рекет“ и се она што се случуваше со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која заврши во притвор.

Коронавирус