петок, 25. септември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Реакции на одлуката за враќање на хронично болните на работа – 80% од починатите се со коморбидитет

Реакции на одлуката за враќање на хронично болните на работа – 80% од починатите се со коморбидитет

-Како да му објаснам на мојот колега медицински техничар кој има три стента, дијабет, ХОББ и други заболувања дека од утре ќе може безбедно да доаѓа секое утро на работа со автобус и ќе може да ги боцка пациентите со 40 температура, а мојата драга медицинска сестра млада и потполно здрава треба да седи дома до крајот на годината. Ова прашање го поставува доктор Нико Беќаровски од Токсикологија по предлогот на Комисијата за заразни болести – хронично болните и лицата со малигни заболувања да се вратат на работа. Беќаровски вели дека кога тој го полагал испитот Епидемија пред 33 години, професорот ги учел дека треба да бидат изолирани ризичните категории а останатите ќе ја победат епидемијата порано или подоцна.
– Ние денес, младите ги чуваме дома, пензионерите ни висат пред маркетите и банките а хронично болните ги враќаме на работните места, пишува докторот.

Ковид статистиката покажува дека дури 80 проценти од починатите од корона вирусот имале коморбидитети. Здравствените власти пак, лицата со астма, ХОББ, дијабет, срцева слабост и рак на бели дробови ги враќаат на работа бидејќи листата на заболувања била многу долга. Речиси 6 месеци беа ослободени од работни обврски поради ризик од компликации а сега ќе бидат во работните простории и тоа во време на есенскиот бран што го најавуваат, реагираат граѓани по социјалните мрежи. Кардиоваскулар ните заболувања се само дел од палетата на дијагнози кај кои корона вирусот може да предизвика сериозни компликации.

-Утврдено е дека корона вирусот предизвикува компликации на кардиоваскуларниот систем и затоа пациентите кои имаат хронични промени се поосетливи на комликации доколку дојдат во контакт со вирусот. Затоа и беа ослободени од работа. За да се заштитат на работните места условот е строго почитување на протоколите и мерките на заштита. Доколку тоа не се почитува тие луѓе ќе бидат со зголемен ризик, вели др. Антонио Антовски кардиолог во ГОБ 8-ми септември.

Дали има прогресија на заболувањето со која хроничниот болесник ќе биде ослободен од работа, доктор Антовски вел идека лекарите ќе мора индивидуално да проценуваат.

-Тоа всушност се акутни влошувања кај пациенти со хронични болести. На пример, кај срцева слабост ако добро се придржува на терапијата, лековите му влијаат, тој е во добра состојба, што пак не е исто кај оној кој има влошена состојба, вели др. Антовски.

На листата на дијагнози согласно која хронично болните досега беа ослободени од работа се – ХОББ, астма, фиброза, акутен миокарден инфаркт, венска тромбоза, дијабетес, состојба по трансплантација на бубрег, лупус, и сите малигни заболувања.

Коронавирус