среда, 22. март 2023. Вести денес: 194
home Вести

Разрешениот директор на струшкиот затвор кој е под истрага, стана директор на Паркови и зеленило

Разрешениот директор на струшкиот затвор кој е под истрага, стана директор на Паркови и зеленило

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Одлуката поминала на Советот на општина Струга.

Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога.

-По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

loading...