понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Разрешена од функцијата претседателката на Советот на Чаир, беше од движењето Беса на Касами

Разрешена од функцијата претседателката на Советот на Чаир, беше од движењето Беса на Касами

Денес, на 18-тата седница на Советот на општина Чаир, на барање на советниците на ДУИ и на СДСМ, разрешена од функцијата е претседателката на Советот на општина Чаир, Џемиле Мемеди, пишува Газета Лајм.

„Почитувани жители на Чаир! Денес, на 18-тата седница на Советот на општина Чаир, на барање на советниците на ДУИ и на СДСМ, разрешена сум од позицијата Претседател на Советот на Општина Чаир. Имав чест да ви служам!“, напиша на својот Фејсбук профил досегашната претседателка, Џемиле Мемеди.

Таа беше од редовите на Движењето БЕСА, на претседателот Билал Касами.

Во комуникацијата со граѓаните, Мемеди рече дека била отпуштена затоа што не им се допаѓал нејзиниот начин на работа. Засега не е познато кој ќе биде новиот претседател на Советот на општина Чаир.

Коронавирус