среда, 30. септември 2020. Вести денес: 44
home Вести

Разрешена класната организатор на екскурзијата на учениците од неготинската гимназија

Разрешена класната организатор на екскурзијата на учениците од неготинската гимназија

Разрешена е класната организатор на екскурзијата на учениците од неготинската гимназија. Ова го објавија на фејсбук нејзините ученици, револтирани поради нејзиното разрешување.

– Денеска требаше да биде ден кога сите среќни и дотерани требаше да се фотографираме и на тој начин да ја одбележиме и третата година од нашето гимназиско образование. Но, во училницата нашата класна влезе со блага насмевка и само ни рече, “не знам со кој класен ќе се сликате, од денес сум тргната од позицијата”, напишаа тие.

Причината била во тоа што таа била раководител на екскурзијата и требало да ги сноси сите последици за кои, според нив, е одговорна агенцијата.

– Шокирани и непријатно изненадени од тоа за што ја обвинуваат, веднаш се качивме во службата, каде што бевме стопирани и насочени дека прво треба да испринтаме жалба. Ние испринтавме и уредно бевме примени кај директорката каде што истата “госпоѓа” која не испрати да принтаме жалба ни рече дека таа нема да е од полза и дека жалбата нема да ја стопира процедурата за смена на нашиот класен раководител. Покрај ова, нашата класна беше обвинета дека се однесувала лошо, односно ги навредувала одредени ученици во автобусот, што е апсолутно неточно, велат средношколците, чија екскурзија ја брануваше јавноста.

Жалбата, велат средношколците, ќе биде поднесена и до Министерството  за образование и наука. Нагласуваат дека ќе водат битка и нема да ја остават класната сама. Кажуваат за она што им се случило за време на екскурзијата.

-Гладни и премрзнати седевме со часови во автобусите. Мизерни услови во хотелите. Нашата класна беше навредувана од страна на газдата на Агенцијата, а таа не возвраќаше не сакајќи да се спушти на негово ниво. Зошто да сносат последици оние кои не се виновни? Каде се казните за Агенцијата? Зарем можеа да сторат нешто класните раководители откако вратите беа затворени, а автобусите тргнаа кон Франција? Ниту пак директорката има вина, таа беше запознаена со случајот дури по стигнувањето во Франција. Доста молчевме. Доста беше преправање дека е се во ред. Единствени ќе се бориме заедно за нашата класна, за правда, пишуваат меѓу другото учениците.

Коронавирус