понеделник, 23. јули 2018. Вести денес: 81
home Вести

Разрешен директорот на затворот во Струга

Разрешен директорот на затворот во Струга

На редовната 78-ма седница Владата на Република Македонија, на негово барање го разреши Арменд Шаќири, од должноста директор на КПУ Казнено поправен дом од отворен вид Струга.

Во барањето кое го доставил пред две недели, Шаќири не ги навел причините поради кои бара да биде разрешен.

Според извори на „Алсат М“, тој и еден полициски инспектор се осомничени дека ги злоупотребиле овластувањата бидејќи одредени затвореници, обвинети за трговија со наркотици, освен што ги пуштале слободно да се движат, им доставувале информации за тоа каде се движи полицијата.