петок, 23. јули 2021. Вести денес: 152
home Вести

Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, кој ја кажа вистината за функционирањето на Комисијата на Караџовски

Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, кој ја кажа вистината за функционирањето на Комисијата на Караџовски

Откако ја кажа вистината за тоа како на „копче“ и на барање на власта функционира Комисијата за заразни болести, министерот Филипче го разреши директорот Зибери.

Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери.

-Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот, велат од МЗ.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

Коронавирус