четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 105
home Вести

Разногласие за пописот- законот за попис доставен до Собранието

Разногласие за пописот- законот за попис доставен до Собранието

Попис ќе има – дециден е Заев. Власта решена е да го турка законот и без согласност на опозиција. За барањата од ВМРО-ДПМЕ за попис со отпечаток од прст, премиерот вели сакале да им удоволат, ама Буџетот веќе бил затворен, па преку донации ќе се обиделе да се набават терминали .

„Опозицијата даде нов предлог, да користиме отпечаток од прст. Јас не знам како ќе го користат отпечатокот граѓаните што се иселени по една година. Правиме напори. Министерот за правда веднаш стапи во контакт со донатори да видиме дали може да обезбедиме донации, имаме амбасади кои располагаат со преку 20 милиони евра поддршка за изборите во државата, па замолуваме да одвојат пет милиони евра, па да купиме пет илјади терминали за отпечатоци кои ги користиме за изборите, ама еве ќе помогнат и за пописот, изјави премиерот Заев.

За разлика од Заев кој вели дека барале начин, Шекеринска возврати дека барањето од опозиционерите било со цел да се одложи пописот. Спасовски пак без конкретен став, само со прашања.

Дали е реално да се изврши попис со отпечаток од прст како што планира ВМРО-ДПМНЕ, дали е реално да се обезбедат финансиски средства за да можат да се набават ваквите апарати, дали е реално да очекуваме дека некој може да изврши испорака на тие апарати, и најважно сепак е прашањето зошто опозицијата на дебатата која се одвива со години, токму во овој момент се одлучува да поставува еден некаков нов услов за евенутална поддршка, вели првиот човек на МВР, Спасовски.

Директорот на државниот завод за статистика вели идејата била небулозна и невозможна.

Би препорачал да ги отворат и да ги прочитаат препораките на ОН-економска комисија на Европа, Евростат, во делот што важи за Европа па и пошироко. Таму пишува дека за пописот не треба да се бараат никакви документи, посочи Симовски.

Aлбанските партии едногласно се против идејата на партијата на Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека со ваквиот начин на попишување преку отпечаток од прст ќе се изврши реален увид на сите резидентни граѓани и со тоа ќе се изврши дистинкција од граѓаните кои имаат државјанство, од актуелните резиденти.

Реагираат и на начинот на кој се разгледувал законот за попис, негодуваат оти законот е со европско знаменце односно по скратена постапка.

Иако, во повеќе наврати во извештаите за напредок од Европската комисија се потенцираше на злоупортебата на европското знаменце на законите и големиот број на закони кои се носат по скратена постапка, Зоран Заев и СДСМ само заради нивните партиско коалициски пазари не ги земаат во предвид овие забелешки….Повторно, како и во сите наврати досега нема повикување со европска регулатива што е услов за европско знаменце и истите закони се носат дополнително по скратена постапка само за да се оневозможи да се развие дебата во Собранието како во секој демократска земја, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според новиот предлог закон за попис кој денеска се најде пред пратениците, пребројувањето на населението треба да се спроведе од 1 до 21 април, а дел од медиумите објавуваат дека наместо отпечаток од прст, власта ќе оди на тоа матичниот број да стои на пописните листи.

Коронавирус