недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Разговорите и пораките од „бомбите“ не можат да се земат за веродостојни, автентични и целосни

Разговорите и пораките од „бомбите“ не можат да се земат за веродостојни, автентични и целосни

Дали се автентични СМС пораките што Судот ги користи како докази во постапките на СЈО? Начинот на кој е дојдено до нив и начинот на кој се чувани не може да ја гарантира нивната автентичност, кажа денеска  во улога на сведок во случајот „ТНТ“ вештакот Орце Симов. Според него точноста на пораките не може да биде гарантирана бидејќи пред се се работи за нелегално стекнат материјал. Проблем вели Симов е и нивното пренесување од едно на друго место, како и начинот на кој ги чувале. Особено е дискутабилно, што биле ставени во Ексел документ, па може да се менува кога било и од кого било, пренесува Алфа.

За обвинетиот во ТНТ, Трајковски, овие сознанија ги ставаат под знак прашалник сите овие, според СЈО, докази.

-Пораките кои што ги има СЈО и кои што се користат во доказната постапка во нашиот предмет, не може да се тврди за нивната автентичност од аспект како се креирани тие пораки, како се зачувани и многу важно од аспект на безбедноста на движењето на тие пораки, изјави Трајковски.

Ова вештачење кое во прашање ги доведува СМС пораките како докази, не е единственото што го направила одбраната на Миле Јанакиески и останатите обвинети во „ТНТ“. Во врска со рочиште за случајот лани во јуни, друг вештак утврдил дека постојат низа фактори заради кои презентираните прислушувани материјали, не можат да се земат за веродостојни, автентични и целосни. Ова стои во извештајот од тогашното вешто лице, до кој дојде Алфа. Уште тогаш се проблематизирала датотеката каде биле складирани тонските записи.

-…ниту истиот произлегува од извештајот на СЈО од 26.5.2017 изготвен од Иван Петров кој е раководител на одделението за информатика при СЈО, на кој се повика јавниот обвинител на самото рочиште, се вели во вештачењето.

На истото рочиште кога се емитувале електронските записи недостасувал суштински податок, или т.н. „tag“ етикета – што треба да ги зодржи датумот, времето и авторот на снимката- што фрла уште една црна дамка на веродостојноста на бомбите.

Но тоа не е се. Тогашниот вештак извршил и лично увид во снимките на СЈО, во февруари годинава, констатирал дека датумите и часот на креирање на тие и оние презентирани на рочиштето во јуни не се  совпаѓаат.

-Тоа наведува на заклучок дека тонскиот запис на кој извршив увид не е оригинален, односно дека истиот е преснимуван од друг електронски медиум што дава можност за негова измена, дополна или скратување, се вели во ветшачењето.

После денешното и ланското тврдење на вештаците сега само се поставува има ли волја за проверка на веродостојноста на „бомбите“?

Коронавирус