четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 86
home Вести

Разбојништва и запалени автомобили насекаде, а шефот на скопската полиција вели дека криминалот е само во главите на граѓаните

Разбојништва и запалени автомобили насекаде, а шефот на скопската полиција вели дека криминалот е само во главите на граѓаните

Тони Јакимовски, шеф на полиција на Скопје, кој вчера гостуваше во Централниот дневник на 1ТВ и беше прашан од страна на водителот за порастот на криминалот во Скопје и во врска со вчерашните настани, за бомбата на Бит пазар и ограбената експозитура на Халк банка, тој сакајќи да ја отфрли одговорноста од себе и раководството на МВР наместо да го признае очевидното, вели дека криминалот е само во главите на граѓаните.

– Ние постојано ја брифираме јавноста за тоа што се случува на подрачјето на Град Скопје во област на криминалитетот се доаѓа до перцепција дека во градот се случуваат безброј кривични дела. Во текот на 2018 година на подрачје на град Скопје се регистрирани 12.433 кривични дела, во споредба со 2017 година кога се регистрирани 12.157, нагласи Јакимовски.

Според изјавата на шефот на полиција на Скопје, тој сака да ни долови дека криминалот во град Скопје не е во пораст туку е во главите на граѓаните поради нивната голема отчетност.

Локални избори 2021