петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Расте револтот кај граѓаните после донесување на Законот за јазици

Расте револтот кај граѓаните после донесување на Законот за јазици

Секој ден се повеќе и повеќе расте револтот кај граѓаните, како последица од насилното носење на законот за јазици од страна на пратениците на СДСМ и владејачкото мнозинство.

Откако на недемократски и неуставен начин, по пат на насилство беше донесен од страна на двоецот СДСМ- ДУИ, реакциите никако не стивнуваат.

Вчера непознати сторители со камења и бекатноски плочки ги искршиле стаклата од влезот на партиското седиште на СДСМ во Гостивар.

Ова не е единствен случај каде што одредени лица покажуваат незадоволство од работењето на пратениците на СДСМ. Претходно беше запален автомобилот на пратеничката од Виница од редовите на СДСМ, Славица Шуманска Митева.

На социјалните мрежи не престануваат повиците за протести, а граѓаните се помасовно излегуваат на улиците. Барањата на граѓаните се децидни а тоа е дека не сакаат уште еден служен јазик во Република Македонија, бидејќи на тој начин се урива унитарниот поредок на државата.

Во Велес веќе трет ден група граѓани излегува на протест пред домот на пратеникот Панче Иванов, додека вчера протест имаше и пред прилепските пратеници на СДСМ, Кети Смилевска и Хари Локвенец.

На социјалните мрежи  вчера вечерта беше објавено видео од пред домот на пратеничката од Прилеп се собраа голем број на граѓани и протестираат против усвојување на овој закон, бидејќи таа како пратеничка од македонска националност гласала за закон за двојазичност.

Граѓаните во еден глас извикуваа дека таа е предавник, но и дека сакаат само еден јазик во Македонија.

<

Претседателот на Собранието Талат Џафери кој што беше директен кршач на деловникот, законот и Уставот на Македонија е еден од виновниците за ваква ситуација која денес се случува.

Тој во интервју за емисијата Ноќно студио изјави дека Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е виновен за опожарениот автомобил на пратеничката Шуманска Митева бидејќи не си ја работел работата како што треба.

-Тоа што автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница била запален, виновно е министерството за внатрешни работи, бидејќи не си ја вршело работата како што треба. Уставна обврска на институција е да го обезбеди домот на пратеникот. Не можете да ме убедите дека тоа е обезбедено. Не можете да ми кажете дека на пратеник му е изгорена колата и да кажете дека бил обезбедуван, рече Џафери.

Коронавирус