среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Расте паниката кај тиквешките лозари- грозјето им се откупува за два денари по килограм

Расте паниката кај тиквешките лозари- грозјето им се откупува за два денари по килограм

Разочараност, пониженост, но и паничен очај кај лозарите од Тиквешијата. Тактизирањето на винариите, како и калкулирањето со и онака понижувачко- ниските откупни цени на родот, се чини дека ја прелеваат чашата. Тиквешките лозари принудени се, својата целогодишна мака и трудот да ги продаваат за два-три денари по килограм грозје. Се жалаат дека ситуацијата била повеќе од катастрофална.

„Не дошол ни инспектор вага да провери, ни инспектор да провери дали малиганите се тие,дали оди, дали не оди, туку секој гледа како да те удави на некој начин – на малиган да ти скине, на вага да те украде, на било шо… Еве ја белешката, 2 денари е цената, Ковид 19 даваат како што е тоа 4, јас баш и не го разбирам, а ни тие не знаат да објаснат како е…е плус дали ќе дадат 4 денари, дали не, тоа не го знам, главно – секоја година е се полошо“, – ни изјави за Алфа, Дончо Мишев, лозар од Ваташа.

Стравот, дека родот ќе им остане неоткупен, кулминирал синоќа, кога, без никаква претходна најава од откупувачот, откупниот пункт „Лазов мост“, бил затворен, а околу 30 товарени трактори, со асистенција од Полицијата, биле пренаосчени кон друга винарија, каде лозарите, наместо ветените 4 денари по килограм, добиле двојно помалку.

Денеска, пунктовите во Тиквешијата главно беа затвотрени. Заради дождот, лозарите ја прекинале бербата. Единстевно, отворен беше, пунктот на Винаријата „Охрид“, каде грозјето се откупува без прекин и според веќе договорените цени со производителите.

„Досега, без проблеми тече откупот. Цената е 11 денари. Досега, имам венесено 20 тони грозје. Инаку, проблеми има 320, цената е ниска, а еве и времево, почна да врне…Нема иднина, ќе ги ископачиме лозјата“, – објаснува Диме Ристов, лозар од Кавадарци.

Сомневајќи се во исходот од откупот и згрозени од прениските откупни цени, тиквешките лозари за крајот на идната недела, најавија мирен протест пред Општинското собрание во Кавадарци.

Најнови вести

Коронавирус