сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Расте бројот на жртви и заразени: Во Македонија коронавирус имаат 570 лица

Расте бројот на жртви и заразени: Во Македонија коронавирус имаат 570 лица

Во последното деноноќие забележани се 15 нови случаи на коронавирус во Македонија.

По градови: Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип.

Со тоа бројот на заразени порасна на 570 лица.

Расте бројот и на жртви од коронавирусот во земјава. Починаа уште три лица. Еден е од Кочани и двајца од Тетово.

Пациентот од Кочани на возраст од 40 години бил примен во болница на 29-ти март без заболување. Починатиот пациент од Тетово бил на 69-годишна возраст  со тумор на мозок, а третиот починат пациент е на возраст од 65 години, исто така од Тетово без други минати заболување.

Седум пациенти се излечени односно покажале негативни резултати на два последователни теста. Станува збор за четворица кои биле хоспитализирани на Инфективната клиника, и три лица од Дебар кои биле на домашно лекување.

Коронавирус