четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 239
home Вести

Расте бројот на жртви и заразени од коронавирус во Македонија: Три лица починаа, 16 нови пациенти

Расте бројот на жртви и заразени од коронавирус во Македонија: Три лица починаа, 16 нови пациенти

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78г), хоспитализирана на 14 мај.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај и пациентка од Скопје (76г) примена на 19 мај.

Во последните 24 часа направени се само 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Штип-5, Струга-1 и Гостивар-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2015, бројката на оздравени пациенти е 1453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 733, активни 208, Куманово – 436, активни 35, Дебар – 51, активни 0, Штип-46, активни 11, Прилеп –210, активни 46,  Тетово – 177, активни 70, Струга – 76, активни 9, Велес – 127, активни 40, Битола –28, активни 7, Охрид –23, активни 8,  Кавадарци – 5, активни 0, Гостивар –22, активни 4, Гевгелија – 4, активни 0.

Струмица – 3, активни 1, Крива Паланка- 6, активни 0, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 0, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 0, Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) .

Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 0, Пехчево- 3, активни 0, Делчево-1, активни 0, Валандово -1, активни 0, Виница – 3, активни 1, Кратово-2, активни 1, Берово-1, активни 0, Свети Николе-1, активни 1.

Направените 314 теста се преку: ИЈЗ –292, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -13 и МАНУ -0. Досега во земјата се направени вкупно 25841 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.

Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 3 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација се 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 22 пациент. На респиратор се 7, a со потешка клиничка слика се уште 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, на домашно лекување се следи 1 пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на ковид-19.

Парламентарни избори 2020