сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 12
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Бројката расте – 46 новозаразени во Македонија, вкупно 663 лица со КОВИД-19, уште еден починат

Бројката расте – 46 новозаразени во Македонија, вкупно 663 лица со КОВИД-19, уште еден починат

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

– Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица, соопштија од Министерството.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 273, Куманово – 143,  Дебар – 49,  Штип-20,  Прилеп –46, Тетово – 30, Струга – 30, Велес – 18, Битола –8, Охрид –3, Кавадарци – 3, Гостивар –4, Гевглелија – 4,Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19, Пробиштип – 1.

– Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19, наведоа од Министерството за здравство.

Во соопштението се посочува дека починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.

Коронавирус