понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 141
home Вести

Расте бројот на починати лица: Вкупно 919 смртни случаи, вчера починаа 22 лица од коронавирус

Расте бројот на починати лица: Вкупно 919 смртни случаи, вчера починаа 22 лица од коронавирус

Огромно зголемување на бројот на починати лица од коронавирус бележи вчерашниот ковид биланс во земјава.

Според податоците од Министерството за здравство објавени вчера починати се 22 лица.

Најголем број смртни случаи имало во Скопје – 7 лица на возраст од 55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64, еден од Куманово (57г), двајца пациенти од Дебар (58 и 64г), еден од Прилеп (61г), еден од Струга (75г), двајца пациенти од Велес (61 и 64г ), двајца од Битола (74 и 70г), двајца од Гостивар (79 и 76г), двајца пациенти од Крива Паланка (56 и 88г), еден од Кочани (60г) и еден пациент од Делчево (81г).

Од Министерството информираат дека од починатите двајца пациенти се починати вон, а останатите во болнички услови.

Од почето на епидемијата Македонија регистира вкупно 919 смртни случаи.

Коронавирус