сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Расте бројот на партиски вработувања пред избори – Распишани 17 огласи за над 108 нови работни места

Расте  бројот на партиски вработувања пред избори – Распишани 17 огласи за над 108 нови работни места

Иако, СДСМ во опозиција држеше прес конференции дека државната и јавната администрација е пренатрупана со неквалификувани кадри, сега од позиција на власт во предизборниот период секојдневно распишува нови огласи за нови вработувања.

Имено, за само една недела распишани се 17 нови огласи за 108 работни места, па така од виш референт, помлад референт, помлади соработници, соработници, советници, раководители на сектори се до државни советници. Платата е во зависност од позицијата и истата изнесува од 13.000 па се до 38.000 денари.  

Масовни огласи за вработувања пред само неколку дена до формирање на техничката влада се распишани во Министерството за правда каде што се вработуваат 7 државни службеници, Агенцијата за лекови и медицински средства 2, НУ Кинотеки вработува 1 јавен службеник,, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство 2ца државни службеници, Агенцијата за катастар вработува дури 23 државни службеници, Центарот за управување со кризи, Комисијата за заштита на конкуренцијата, како и Агенцијата за промоција на туризмот по 1 државен службеник, Министерството за култура како и министерството за локална самоуправа вработуваат по 12 односно 6 државни службеници. Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле Скопје вработува 2 јавни службеници, Министерството за образование и наука 5, а пак Генералниот секретаријат при Владата бара 2 нови државни службеници, Агенцијата за храна и ветеринарство 2 државни службеници, а најголем број на државни службеници се бараат во Министерството за финансии поточно во Управата ја јавни приходи каде што е објавен оглас за вработување на дури  35 државни службеници.

Според голем број на граѓани  сметаат дека огласите се права спрема кандидатите кои претходно веќе се избран, а годинава дури и во Извештајот на Народниот правобранител се нотирани голем број на поплаки од страна на граѓаните за партиските вработувања, наместените конкурси.

Ваквото масовно објавување на огласите пред изборите огласите се со цел да се изврши директен поткуп на гласачкото тело од страна на власта на СДСМ, каде што наместо во институциите да има стручна и компетентна администрација во служба на граѓаните, се полнат со партиски војници.

СДСМ и понатаму останува глува на препораките на ЕУ дека администрацијата е преполна, а не се држи ни до нивниот т.н. план за реформи според наводно кој истата требаше да биде професионална и непартиска и во функција на граѓаните на Република Македонија.

Според податоци кои што ги објави министерството, јавната администрација се зголемува, а во државните институции работат над 132.000 лица што е за 3300 лица повеќе од претходната година. Заедно со вработените во јавните претпријатија и акционерските друштва со државен капитален бројот на вработени во јавен сектор изнесува 143.000 лица. Но, бројката колку нови вработувања ќе се распишат и реализираат до крајот на годината засега никој не го открива.

 

 

Коронавирус