понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 15
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Алармантен раст на новозаразени во Македонија: Потврдени нови 72 случаи со коронавирус, починаа двајца пациенти, заразени 555 лица!

Алармантен раст на новозаразени во Македонија: Потврдени нови 72 случаи со коронавирус, починаа двајца пациенти, заразени 555 лица!

Потврдени 72 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 555 лица.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика. И едно лице од Куманово кое на 1 април беше потврдено дека е позитивно на коронавирусот, почина во болницата „8 септември“.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

  • Скопје – 235
  • Куманово -114
  • Дебар – 49
  • Штип-19
  • Прилеп –33
  • Тетово – 29
  • Струга – 24
  • Велес – 10
  • Битола – 6
  • Охрид – 3
  • Кавадарци –2
  • Гостивар – 4
  • Гевглелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка- 2
  • Радовиш -3
  • Крушево – 2
  • Кочани – 14

Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на Ковид-19.

Коронавирус