среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Раст на новозаболени: 110 нови случаи на коронавирус, 18 реинфекции

Раст на новозаболени: 110 нови случаи на коронавирус, 18 реинфекции

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19.

Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар – по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции.

Регистрирани сe 42 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Кочани и Охрид – по 2, Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.

Направени се 894 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–55, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-26, Биотек-23, Систина-35, лабораторија Лаор-8, Синлаб-34, Ремедика-9, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-3, Ели МедикаПлус-9, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 326.

Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.

Коронавирус