понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Раст на корисниците на интернет преку мобилна мрежа

Раст на корисниците на интернет преку мобилна мрежа

Во Македонија во првиот квартал годинава пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G)  имале 1.275.168 претплатници,  или за  0,70 проценти повеќе во однос на  последниот квартал лани,  а за 12,38 проценти споредено со првиот квартал од 2017 година.

Како што покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации, пазарниот удел на оне.ВИП оператор  во вкупниот број  корисници на интернет преку мобилна мрежа во првиот квартал годинава изнесува 52,05 проценти,  Македонски Телеком учествува со пазарен удел од 46,38 проценти, додека Лајкамобајл има пазарен удел од 1,57 проценти.

Според Извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации на АЕК во првите три месеци од годинава бројот на претплатници на пристап до интернет со широк опсег изнесувал 399.575 претплатници односно за 0,83 проценти повеќе во однос на четвртиот квартал од 2017 година, а за 5,02 проценти споредено со првиот квартал  лани.

Во првото тримесечие пристап на интернет преку оптичка  мрежа имале 42.196 претплатници, односно за 88,77 проценти споредено со истиот период минатата година.

Од  94 нотифицирани субјекти во евиденцијата на АЕК, 92 обезбедувале услуги за пренос на податоци во првиот квартал од 2018 година.

Коронавирус