четврток, 23. март 2023. Вести денес: 79
home Вести

Распишан тендерот за трите нови патарини

Распишан тендерот за трите нови патарини

Владата го распиша тендерот во вредност од 15,3 милиони евра за изградба на трите нови патартини „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип, како и „Арбиново“ на автопатот Кичево – Охрид.

Сумата е обезбедена со заем од Европската банка за обнова и развој, а во истата влегуваат и трошоците за обезбедување електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“ меѓу Скопје и Гостивар.

Операторот треба да биде познат до октомври, а најмногу за 12 месеци да се изградат 3 – те нови патарини и да се примени електронската наплата.

loading...