сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Распад во СДСМ, кавги и бојкот: Стево не го сакаат за претседател, сите се дистанцираат од него затоа што знаат дека ќе загуби

Распад во СДСМ, кавги и бојкот: Стево не го сакаат за претседател, сите се дистанцираат од него затоа што знаат дека ќе загуби

На само неколку дена пред првиот круг од претседателските избори, во таборот на кандидатот на власта Стево Пендаровски владеат кавги и бојкот, брифираат извори блиски до владејачката партија. Дел од нив јавно на социјалните мрежи испраќаат критики кон Пендаровски, додека уште поголем дел се дистанцираат од него затоа што знаат дека ќе загуби.

Дека ваквите информации се блиску до вистината и дека во СДСМ се случува распад систем на само четири дена до крајот на кампањата во првиот круг, се чини најдобро потврдува денешниот текст во провладиниот „Фокус“ со наслов „Пендаровски очекува поддршка од Димитров, но нема да го моли“.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Телма на прашањето каде е министерот за надворешни Никола Димитров во неговата кампања, тој рече дека најверојатно има обврски надвор од државата.

-Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно, рече Пендаровски.

Граѓаните од Шарената револуција нема да гласаат за Пендаровски и ќе го казнат СДСМ

Оние кои беа неопределени пред парламетарните избори, а потоа ја дадоа поддршката за СДСМ очекувајќи ги ветените промени, очекувам овој пат да бидат остри кон СДСМ, очекувам да го казнат СДСМ и да не гласаат за кандидатот Стево Пендаровски, рече Зоран Јованоски, аналитичар кој беше и дел од протестите на Шарената револуција гостувајќи на телевизија Алфа.

Според него не се спроведува ниту идеологијата, ниту основата од она што се ветуваше во протестите за примена на власта. А за сето тоа, укажува тој, требаше само политичка волја, ништо повеќе, ниту пари, ниту ништо посебно.

-Ништо не ни почна да се спроведува, немаа волја. Тие не направија ништо, покажаа и дека не знаат да прават. Она што го гледаме и што направија е дополнителна партизација, а не европско општество каде сите ќе имаат еднакви шанси, рече Јованоски.

Јованоски вели дека ниту непотизмот не е казнет, напротив според него само дополнително е истакнат. Сето ова, како што вели

Јованоски, придонесе да нема сега волја за било каков активизам за промени, народот е многу исцрпен.

-Сега нема ниту една критика од нив, не гледаат што прават. Тие само продолжија со лоши политики, рече Јовановски.

Тој укажува дека граѓаните две години ги гледаат премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни Никола Димитров како трчаат да го сменат името, и оти и сега во кампањата кандидатот Стево Пендаровски говори за реформи кои не се ни на повидок.

Има нешто, Пендаровски никогаш не бил толку напнат и нервозен

Пратеникот Антонио Милошоски смета дека има посебна причина зошто Стево Пендаровски бил толку нервозен на дебатата на претседателските кандидати на ТВ Сител.

“Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во кризната 2001, но и на ТВ расправи за политика во изминативе 15 години.

Но, никогаш досега не сум го видел Стево така НЕРВОЗЕН и напнат, како на денешната ТВ дебата на Сител (Детектор), напиша Милошоски вчера, но не откри зошто бил Пендаровски толку многу нервозен.

СДСМ пред исчезнување: Виден член за „краставите жаби” до Заев

Професорот Атанас Вангелов, еден од највлијателните членови и основач на СДСМ вели дека делумно е точна анализата за распаѓање на партијата која му даваше високи позиции а беше и амбасадор во Унгарија.

Вангелов во колумна со наслов “Две крастави жаби” за плусинфо.мк, за двајца од највисоките партиски функционери, потпретседателката Радмила Шеќеринска и генералниот секретар Александар Кирацоски искажува низа сериозни критики а вицепремиерката ја поврзува со византиски методи на политичко преживување.

Целата колумна на плусинфо.мк на овој линк.