четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Рашковски за хонорарец си ангажирал пријател, чија фирма има три пати поголеми приходи за време на неговиот ангажман

Рашковски за хонорарец си ангажирал пријател, чија фирма има три пати поголеми приходи за време на неговиот ангажман

Колку хонорарците кои владата ги криеше навистина биле само професионалци? Иако владата тврдеше дека тие се само професионално ангажирани и ништо повеќе сепак примерите покажуваат дека тоа не е така. Видовме како потпретседател на СДСМ, деца а функционери, но и поранешни партиски функционери биле ангажирани, односно дел од тајните хонорарци.

Таков е и случајот на Игор Христов кој за 39.000 денари месечно е ангажиран за компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурирање на информатички системи. Неговиот ангажман во владата и не бил така случаен и тој не бил избран само затоа што професионално работел.

Најпрвин тоа што треба да се знае е дека Христов со екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски бил во тесни пријателски односи и тие се познавале повеќе од 15 години. Што значи Рашковски си го ангажирал својот пријател како хонорарец и тоа за висока сума која во некои месеци изнесувала и 50.000 денари што е речиси двојно од просечната македонска плата.

Но, нивната соработка и пријателство не завршува тука. Џипот кој го возел Рашковски е во сопственост на фирмата „ГБЦ системи“, која според Централниот регистар е регистрирана токму на Игор Христов. Ова беше откриено во истражувањето на „360 степени“, каде меѓудругото и самиот Христов призна дека го дал на услуга џипот, но на сопругата на Рашковски. Тука останува сомнежот дали Рашковски самиот си го набавил возилото преку фирмата на неговиот пријател или пак зошто би му бил подарок на Рашпковски. Зарем човек кој може да си дозволи семеен одмор во Мексико, не може да си дозволи џип?

И тука веќе се заплеткува работата. Имено, компанијата „ГБЦ системи“, Христов ја основал во 2015 година. Но нејзините приходи драстично растат откако Рашковски станува генерален секретар на владата, односно од 60.000 евра во 2017 година, на 210.000 евра во 2018 година.

Според истражувањето на „360 степени“, Рашковски и Христов склучиле повеќе договори. Првиот во 2017 година, потоа во 2019 и уште два во 2020 година. Сите суми за кои Рашковски го ангажирал Христов изнесуваат над 30.000 денари па се до 50.000.

И тука не е крајот на „професионалноста“ на Христов. Тој е еден од осомничените во случајот за кој Рашквоски е во домашен притвор, односно за набавка на софтвер од 81 илјада евра за автоматско казнување сообраќајни прекршоци, кој полицијата не го побарала и не го користи. Обвинителството го сомничи дека пренесувал информации за тендерот купен од фирмата „Инфока груп“.

Како што гледаме, професионалниот ангажман на Христов најмалку бил за компјутерска апликација за сервис, одржување и конфигурирање на информатички системи, туку истиот лик како човек од доверба служел како еден вид на десна рака на Рашковск, човек кој ќе му асистира во матните зделки. И ова можеби не е единствениот таков хонорарец, и затоа не е ни случајно што владата ги криеше нивните имиња.

Најнови вести

Коронавирус