петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Рашковски префрлен во Шутка, а Заев до последно го бранеше дека сѐ е легално

Рашковски префрлен во Шутка, а Заев до последно го бранеше дека сѐ е легално

Кривичниот совет во Основниот суд во Скопје вчера ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство за одлуката Драги Рашковски да биде во домашен притвор и поранешниот генерален секретар на Владата вчера попладнето беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Но, интересно е тоа што иако сѐ укажуваше на тоа дека Рашковски извршил кривично дело при набавката на совтверот за сообраќајни прекршоци кој си го продал сам на себе, премиерот Зоран Заев до последно се обидуваше да го одбрани, тврдејќи дека неманишто спорно во набавката и тврдеше дека за набавката вредна 81 илјади евра постои писмена комуникација Генералниот секретаријат на Владата и МВР.

-Има причинско-правни последици зошто е тоа правено, со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во Министерството за внатрешни работи. Се работи за објект кој снима 360 степени кој е набавен врз основа на претходни длабински анализи. Ова е правено со причина, не ни текнало така нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер. Ако не го користат сега, може во иднина ќе го употребуваат, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при посетата на трговскиот центар во градба „Скопје ист гејт“.

Заев држеше страна и ја оправдуваше постапката на Рашковски до пред една недела велејќи дека постапката е целосно спроведена согласно закон.

-Спроведена е постапката целосно согласно закон, од тоа што јас го видов, ако се докаже спротивното, тогаш ќе се докаже дека истражните органи имале поинакво гледање од мене, ама на крајот е судот тој што треба да пресече за таа работа, одговори Заев на новинарско прашање за време на прес-конференцијата во собранието после неговата средба со албанската опозиција.

Но, овој случај не е прв во кој Заев од петни жили се труди да го одбрани Рашковски. Истото се случуваше и со случајот „Леонардо“ за спорниот тендер за набавка за радарски систем М-НАВ за кој ОЈО исто отвори предмет.

Заев и тогаш со истите зборови кажа дека немало ништо незаконски и дека Рашковски дејствувал по негово овластување и на владата во насока на реализација на тендерот, што укажува на тоа дека Заев како што и сам кажува бил запознаен со целата постапка, а со тоа се докажува и неговата имплицираност во случајот.

-Во моментов мислам дека не, заради тоа што нема ништо незаконско во делот на работите, тој ги извршува добиените задачи од Владата како генерален секретар, правно формално да ги процесуира самите процеси. Апсолутно потврдата за мене знаејќи го целиот предмет во сите негови согледувања „Leonardo will win“ заради тоа што правните аспекти кажуваат кој тоа победил. Веќе е избран „Леонардо“ од страна на тогашниот директор Поповски кој што бил и апсолутно не смееме да доведеме во дилема заради тоа што некој не сакал тоа да го формализира, изјави тогаш Заев на новинарско прашање за тоа дали ќе го разреши Рашковски поради информациите кои тогаш протекоа за спорна набавка на опрема за М-НАВ.

Коронавирус