понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Рашковски побарал список за елиминација на “Сонцето од Кутлеш” (ДОКУМЕНТ)

Рашковски побарал список за елиминација на “Сонцето од Кутлеш” (ДОКУМЕНТ)

Генералниот секретар на владата Драги Рашковски од општинските власти барал да направат список со сите локации и објекти на кои е аплицираа “Ѕвездата од Кутлеш” која Грците ја нарекуваат ѕвезда од Вергина а според Преспанскиот договор Македонија не смее да ја употребува.

Во допис од општината Карпош од петмина од вработените во месните и урбани заедници се бара да излезат на терен и да ги евидентираат сите шахти и други објекти каде е впишан или изгравиран овој симбол.

Според пораката евиденцијата на сонцето од Кутлеш треба да заврши “до среда” .

Имејл пораката од општина Карпош се појавува откако во Крива Паланка градоначалникот се обиде во полицискиот час со брусилица да го одстрани симболот од градскиот плоштад.

ЕУРО 2020

Македонија