вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 141
home Вести

Рашковски хоспитализиран поради коронавирус, познато е во каква состојба се наоѓа

Рашковски хоспитализиран поради коронавирус, познато е во каква состојба се наоѓа

Извори од здравствените власти информираат за „360 степени“ дека Рашковски е хоспитализиран и дека здравствената состојбата му е под контрола, односно дека е „средно влошена“.

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, според информации на „360 степени“, е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје поради компликации од ковид-19.

Од Владата нема потврда за оваа информација, додека извори од здравствените власти информираат дека Рашковски е хоспитализиран и дека здравствената состојбата му е под контрола, односно дека е „средно влошена“.

-Во моментов немаме информации. Обратете се директно до Рашковски, одговорија од Владата, на прашање дали генералниот секретар е заразен со ковид-19 и е хоспитализиран.

Претходно, „360 степени“ се обиде да стапи во контакт со Рашковски, но тој не одговара на телефонските повици.

Владиниот портпарол Душко Арсовски, на денешната прес-конференција, изјави дека уште нема пристигнато информации од Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје дали некој од контактите на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е позитивен на коронавирус добиле решенија за домашна изолација.

Коронавирус