петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Рашела Мизрахи, првата Еврејка министерка во македонска влада: Квалитетот мора да биде на прво место

Рашела Мизрахи, првата Еврејка министерка во македонска влада: Квалитетот мора да биде на прво место

Евреите добиваат прво министерско место во македонската влада. Рашела Мизрахи, која е предложена за технички министер за труд и социјална политика во преодната влада, потекнува од старо скопско еврејско семејство.

Таа е доктор по биохемиски науки, со образование стекнато во Македонија, Израел и Канада.

Има работно искуство во државна администрација и во приватен сектор. Раководела со програмата за ретки болести во Македонија.

Верува во квалитет базиран на вредности и принципи.

-Не се плашам од предизвици. Верувам дека напорната работа ќе донесе квалитет. Квалитетот мора да вреднува базиран на принципи и вредности. Човечката среќа нема цена, а преку министерството може да се влијае да се менуваат работите, да им се помага на луѓето, да се решаваат напластените проблеми, а нив ги има доста. Министерството мора да се занимава со суштина, а не со формата и голата појавност. На граѓаните им е потребно чуството дека во државната институција може да најдат сојузник и заштитник. Нема повисоко чуство од тоа да им се служи на граѓаните и на земјата во која сте родени, изјави Мизрахи за Република.

Трите проблеми на кои мора да се посвети внимание се сиромаштијата, иселувањето, растечки процес на кој мора да му се застане на патот, како и третманот на пензионерите, како категорија која мора да ги ужива заслужените права.

Најнови вести

Коронавирус